ПРВ.мк
Спорт

Шаховско чудо од Македонија: 10-годишник освои престижен турнир - ова е детето што не направи горди!

Шаховско чудо од Македонија: 10-годишник освои престижен турнир - ова е детето што не направи горди!
Kristal

Младиот македонски шахист Ахмет го заврши меѓународниот турнир во Парачин со 7 поени од девет партии, без ниту еден пораз, ремизирајќи во четири натпревари. Со ова, тој стана првиот десетгодишник од Македонија што го освојува овој реномиран настан.

Турнирот во Парачин има долгогодишна традиција и ФИДЕ-рејтинг листа, со силна конкуренција од различни возрасни категории и повеќе европски земји, што ја нагласува значајноста на овој успех.

Ахмет не е изненадување за македонската шаховска јавност – тој веќе неколку години бележи серија победи на домашната и меѓународната сцена. Младиот шахист е двократен државен првак на Македонија до 8 и до 10 години, а меѓународните успеси го издвојуваат како еден од најталентираните млади шахисти.

Неговите претходни меѓународни успеси вклучуваат:

  • 2022 – прво место на „Керванос“ во Солун, Грција (Б категорија, 7/7 поени)
  • 2024 – прво место на „Виктори куп“ во Благоевград, Бугарија (до 10 години)
  • 2025 – прво место на „Хереја Дружба“ во Софија, Бугарија (до 10 години, максимални поени)
  • повеќекратен победник на меѓународниот турнир „Наум Наумовски Борче“ во Скопје во категориите до 8, до 10 и до 14 години
  • Државно екипно првенство на Македонија 2025 – прво место и златен медал
  • како член на Капабланка – поединечно најдобра прва табла со максимални бодови
  • 16. Меѓународен турнир Квалитет 2025 – прво место во категоријата до 10 години на опен турнир со конкуренција до 21 година

Победата во Парачин е уште еден доказ за континуитетот и зрелоста на Ахмет, кој ја потврдува својата позиција како еден од најперспективните млади шахисти во Македонија и регионот. Неговите настапи веќе надминуваат локалната сцена и привлекуваат внимание на меѓународната шаховска заедница.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo