ПРВ.мк
Економија

ВАЖНА ВЕСТ: Утре камионџиите ја „земаат“ контролата на граничните премини - еве само кои ќе можат да поминат!

ВАЖНА ВЕСТ: Утре камионџиите ја „земаат“ контролата на граничните премини - еве само кои ќе можат да поминат!
Kristal

Од утре на пладне, а во наредните седум дена, сите гранични премини за товарен сообраќај во Македонија ќе бидат целосно блокирани, како дел од голем регионален протест на камионските превозници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Протестот е реакција на новиот систем за влез и излез од Европската унија, според кој се брои времето на престој на возачите во ЕУ, што според превозниците значително го скратува легалниот период за работа и го поскапува транспортот на стоки.

Според Билјана Муратовска од Транспортната асоцијација „Макам-транс“, граничните премини што ќе бидат затворени се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато на Дебар и Блаце. Единствениот премин кој ќе остане отворен од македонска страна е Табановце, но таму блокада ќе вршат српските превозници.

Муратовска нагласи дека системот кој почнува од 10 април, кога ќе стартува електронското броење, ќе ја поскапи транспортната индустрија и ќе создаде сериозни економски последици за цел Западен Балкан. Таа потенцира дека веќе има случаи на санкционирани превозници, со приведувања, депортации и казни, и тоа иако станува збор за легални работници, а не за мигранти или криминалци.

Првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески, предупреди дека блокадата не решава ништо за подобрување на системот во ЕУ, а создава сериозни проблеми за економиите на регионот. Тој најави дека протестите ќе се проширaт и во другите погодени земји, очекувајќи повлекување на одлуката.

Министерот за транспорт Александар Николоски истакна дека се работи за сериозен проблем, кој е дискутиран со ЕУ, но засега без разбирање. Превозниците бараат решение слично на оној што важи за кабинскиот персонал во авионскиот, бродскиот и железничкиот транспорт, со што би се овозможило отстапка и за товарниот транспорт.

Граѓаните и патничкиот сообраќај нема да бидат погодени, блокадата важи исклучиво за товарните возила, но економските последици се очекуваат сериозни доколку протестот продолжи во најавените рамки.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo