ПРВ.мк
Балкан

Неверојатни сцени од Белград: 150.000 луѓе го исполнија центарот на градот, студентите испратија силни пораки (ФОТО/ВИДЕО)

Неверојатни сцени од Белград: 150.000 луѓе го исполнија центарот на градот, студентите испратија силни пораки (ФОТО/ВИДЕО)

Околу 150.000 луѓе на завршниот студентски митинг во Белград

Околу 150.000 граѓани се собрале во четвртокот вечерта, 22 октомври, на белградскиот плоштад Славија и околните улици, на завршниот предизборен митинг на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“.

Бројката ја објави независниот Архив на јавни собири, кој процени дека на митингот присуствувале приближно 150.000 луѓе.

Процената е направена врз основа на снимки од 19 часот, преку пресметување на површината што ја заземале присутните и просечната густина на толпата.

Масовниот собир се одржа непосредно пред предвремените парламентарни избори во Србија, закажани за недела, 25 октомври.

На плоштадот пристигнале шест организирани колони од различни делови на Белград, додека голем број студенти претходните денови пешачеле од други градови низ Србија.

Пред насобраните граѓани се обратиле кандидати од студентската листа, кои ги претставиле своите програмски определби, меѓу кои независно судство, борба против корупцијата, подобро образование и здравство.

„Мандатот ви припаѓа на сите вас, на народот“, порача носителот на студентската листа, Илија Срдановиќ.

Студентското движење доби голема јавна поддршка по трагедијата во Нови Сад во ноември 2024 година, кога при уривање на бетонска настрешница на железничката станица загинаа 16 лица.

Собирот во Белград беше проследен со музика, аплаузи, државни знамиња и светла од мобилните телефони, а заврши со заедничко оро.

Истата вечер, Српската напредна странка одржа одделен предизборен митинг во Нов Белград, на кој Александар Вучиќ изрази уверување во изборна победа.

Од полноќ започна изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места во недела.

Најнови вести