Производителите на ориз од кочанскиот регион предупредуваат дека влеговме во 2026 година со старите, нерешени проблеми, по најтешката година за оризопроизводството досега. Тие истакнуваат дека реколтата останува неискористена поради низок откуп и неприфатливо ниски откупни цени, додека неконтролираниот увоз од земјите од Блискиот исток дополнително ја влошува ситуацијата.
Од реколтата од 25-та година е откупена само 5% од оризовата арпа, а производителите тврдат дека откупната и производната цена се утврдени на погрешни основи, оставајќи ги речиси сите амбари полни со неселективна реколта.
Од друга страна, откупувачите објаснуваат дека цените ги формираат според побарувачката на пазарот и не можат самостојно да ги одредуваат, што дополнително ја усложнува ситуацијата.
Земјоделците предупредуваат дека доколку надлежните не интервенираат и не обезбедат решение, тие ќе бидат приморани да ги преземат работите во свои раце, најавувајќи радикални протести за да го заштитат својот производ и егзистенција.

















