ПРВ.мк
Свет

Ракета влезе во турскиот воздушен простор: Ердоган испрати силна порака!

Ракета влезе во турскиот воздушен простор: Ердоган испрати силна порака!
Kristal

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција нема намера да стане дел од воениот судир меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави, но предупреди дека земјата ќе реагира доколку нејзината безбедност биде загрозена.

Изјавата доаѓа по инцидентот во кој балистичка ракета лансирана од Иран влегла во турскиот воздушен простор. Според турското Министерство за одбрана, проектилот бил пресретнат и неутрализиран од системите за воздушна и ракетна одбрана на НАТО распоредени во источниот дел на Медитеранот.

Ердоган нагласи дека турските власти внимателно ги следат случувањата во регионот и дека главната цел на Анкара е да ја задржи земјата надвор од конфликтот. Сепак, тој истакна дека Турција презема превентивни мерки за да го заштити својот воздушен простор од какви било потенцијални закани.

„Во текот на овој период ги преземаме сите неопходни чекори за да спречиме било каква опасност за нашиот воздушен простор, како што направивме и синоќа“, изјави турскиот претседател.

Од Министерството за одбрана соопштија дека Анкара решително ќе реагира на секоја закана насочена кон нејзината територија. Во меѓувреме, во тек се разговори и анализи за да се утврдат точните околности околу ракетниот инцидент.

Турските власти додаваат дека развојот на настаните на Блискиот Исток се следи со зголемено внимание, а заштитата на националната безбедност останува врвен приоритет за државата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo