Кошаркарите на Борец овој викенд ги продолжуваат настапите во плејофот, со јасна цел – да ја продолжат серијата без пораз и да останат на победничката патека.
Во Спортскиот центар „Гемиџии“, во 17:00 часот, велешката публика ќе има можност да проследи нов возбудлив дуел против екипата на КК Водно Санс од Скопје.
Станува збор за млада и полетна екипа, составена од голем број талентирани кошаркари, меѓу кои има и младински репрезентативци, што најавува динамичен и квалитетен натпревар.
Борец влегува во овој натпревар со одлична форма и самодоверба по успешните настапи во плејоф фазата, но во клубот се свесни дека победа противникот од Скопје ќе биде чекор до полуфинале.
Поддршката од трибините секогаш е дополнителна енергија за велешките кошаркари, па од клубот упатуваат покана до сите љубители на кошарката и спортот во Велеc да дојдат во салата и да им дадат силна поддршка на своите миленици.
СЦ „Гемиџии“ – недела, 17:00 часот. Борец ја продолжува битката за висок пласман.


















