ПРВ.мк
Спорт

(ВИДДЕО) Магија на Јамал: Барса со спектакуларна победа над Овиедо!

(ВИДДЕО) Магија на Јамал: Барса со спектакуларна победа над Овиедо!
Kristal

Младиот талент Ламине Јамал, само на 18 години, во 73.минута на мечот со Овиедо изведе вистинска магија, постигнувајќи фантастичен гол за 3:0 и ставајќи печат на победата на Барселона.

Првиот дел на „Камп Ноу“ беше тешка задача за Барса, но со голот на Олмо во 52.минута за 1:0, екипата доби контрола врз играта. Пет минути подоцна, Рафиња зголеми на 2:0, што го реши исходот на средбата.

Со оваа победа, Барселона повторно го презеде лидерското место во Ла Лига со 52 бода, еден повеќе од Реал Мадрид по 21.коло. Голот на Јамал беше вистински накит на убедливата партија на каталонскиот гигант.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo