ПРВ.мк
Свет

ГЕРМАНЦИТЕ АЛАРМИРААТ: Мнозинството го смета Трамп за опасност - еве зошто!

ГЕРМАНЦИТЕ АЛАРМИРААТ: Мнозинството го смета Трамп за опасност - еве зошто!
Kristal

Според најновата анкета на институтот ИНСА, порачана од германскиот весник „Билд“, 61% од Германците го сметаат поранешниот американски претседател Доналд Трамп за закана за Германија, додека само 24% го гледаат како сојузник. Останатите 15% не дале одговор.

Анкетата, спроведена меѓу 1.000 испитаници на 22 и 23 јануари, исто така покажала дека Германците сакаат поцврст став на владата на канцеларот Фридрих Мерц кон Вашингтон – 52% се за цврст пристап, додека 31% ја поддржуваат досегашната соработка.

Оваа анкета следи по тензии меѓу Европа и САД околу спорот за Гренланд, кога Трамп претходно закануваше воведување царини за осум европски земји, вклучувајќи ја и Германија, но подоцна ја повлече заканата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo