Општина Ѓорче Петров воведува финансиска поддршка од 8.000 денари за секое новородено дете, со цел да им помогне на семејствата во најубавите, но и најодговорни моменти од животот.
– Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка. Ова не е само финансиска мерка, туку и јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет – изјави првиот човек на општината, Александар Стојкоски.
Тој додава дека општината ќе продолжи со политики кои носат сигурност и грижа, токму таму каде што е најважно – во животот на семејствата и децата.















