Синоќа во Радовиш настанал пожар на автобус паркиран во дворот на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“. Екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш веднаш интервенирала, го локализирала и изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
По преземените истражни мерки, полицијата утврдила дека пожарот бил намерно подметнат од двајца малолетници од Радовиш. Во присуство на нивните родители, тие го признале делото. Како доказ е одземена запалка со која бил подметнат пожарот.
За случајот е известен јавен обвинител при Основното јавно обвинителство во Струмица, и по документирањето на случајот ќе следува соодветна пријава















