ПРВ.мк
Македонија

СТРАОТНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Едно лице го загуби животот!

СТРАОТНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Едно лице го загуби животот!
Kristal

Тешка сообраќајна трагедија со фатален исход се случила вчера во раните утрински часови на една од фреквентните скопски раскрсници. Во несреќата животот го загубил маж, откако возилото со кое управувал излетало од коловозот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25.01.2026 година во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“, улицата „16 Македонска Бригада“ и улицата „Интернационални Бригади“ се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во инцидентот учествувало патничко моторно возило марка „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (45) од Скопје, кое под засега неразјаснети околности излетало од патот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со возило на Итна медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. И покрај напорите на лекарите, кај него била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина со цел утврдување на точните причини за смртта. Истовремено, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, која работи на целосно расчистување на случајот и околностите под кои дошло до трагичниот настан.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo