ПРВ.мк
Спорт

МАКЕДОНИЈА СЕ НАДЕВА НА НОВ МЕДАЛ: Георгиевски меѓу најдобрите осум во Таранто - ова е неговиот резултат!

МАКЕДОНИЈА СЕ НАДЕВА НА НОВ МЕДАЛ: Георгиевски меѓу најдобрите осум во Таранто - ова е неговиот резултат!

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски успешно стартуваше на Медитеранските игри во Таранто, пласирајќи се во четвртфиналето во категоријата +80 килограми.

Георгиевски во осминафиналето го совлада Тунижанецот Моатаз Ифауи со 2-1, по борба која траела 10 минути и 47 секунди.

Следен противник му е Турчинот Берат Демирчоглу, а четвртфиналната борба е закажана за 16:12 часот. Со победа, Георгиевски ќе обезбеди место во полуфиналето.

На денешниот таеквондо-турнир настапи и Филип Блажевски, кој со 0-2 загуби од Босанецот Незат Хусиќ и го заврши настапот.

Медитеранските игри во Таранто се одржуваат од 21 август до 3 септември 2026 година.

Најнови вести