Џефри Гил, кој има македонско потекло од Делчево преку мајка си, донесе голема радост за македонскиот спорт – тој го освои златниот медал на 100 метри на Светското првенство во зимско пливање, пренесува „Делчево 365“.
Првенството се одржува во Оулу, Финска, каде што се натпреваруваат најдобрите пливачи во ладна вода од целиот свет. За Гил ова беше трет настап на шампионатот, но овојпат успеа да направи вистински подвиг: по среброто од претходниот настап, сега се искачи на врвот и стана светски шампион.
Овој успех е историски за македонското пливање и покажува дека македонските спортисти можат да се носат со најдобрите на светската сцена, дури и во екстремни услови како што се студените води на Финска.
Џефри Гил сега не само што го потврди својот талент, туку и ја внесе Македонија на светската мапа на зимското пливање.

















