ПРВ.мк
Спорт

Ливерпул во нов проблем – Мега-засилувањето пред носот им бега во Баерн?!

Ливерпул во нов проблем – Мега-засилувањето пред носот им бега во Баерн?!

Иако „Редсите“ имаа силен летен преоден рок, доведувајќи звучни имиња како Исак, Вирц и Екитике, изгледа дека планот за дефанзивна надградба ќе мора да почека или да се прескапо плати. Целта број еден за јануари – Марк Гуеи од Кристал Палас – им се лизга од раце.

Според најновите информации од англиски и германски медиуми, Баерн Минхен веќе влегол во трка за англискиот репрезентативец, гледајќи го како идеално засилување по ангажманот на Хари Кејн. Баварците сакаат стабилен столб во одбраната, и Гуеи е нивниот прв избор.

Ситуацијата се комплицира уште повеќе бидејќи и гигантите како Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити будно ја следат ситуацијата. Тоа значи дека Ливерпул, ако навистина сака да го донесе Гуеи на „Енфилд“, ќе мора да плати сума далеку поголема од првично планираното.

Ова доаѓа во незгоден момент – тимот на Арне Слот е во мини-криза, со три порази во низа, и загриженоста расте дека сезоната која требаше да биде „ренесанса“ може брзо да се претвори во разочарувачка епизода.

Escape