ПРВ.мк
Спорт

Конечно добра вест за Реал Мадрид – еве кој се врати на тренинзите!

Конечно добра вест за Реал Мадрид – еве кој се врати на тренинзите!
Kristal

Реал Мадрид ќе може да смета на австрискиот интернационалец Давид Алаба за наредните натпревари, откако дефанзивецот се врати на тренинзите по повредата на стопалото.

33-годишниот Алаба последен пат настапи на 19 октомври против Гетафе, а потоа го пропуштија натпреварите со Јувентус, Барселона, Валенсија и Ливерпул. Сега тој е во целосна форма и ќе биде ставен на располагање за дуелот со Рајо Ваљекано во недела.

Алаба ја пропушти голем дел од минатата сезона поради сериозна повреда, играјќи само седум меча. Враќањето на искусниот дефанзивец е значаен поттик за тимот пред клучните натпревари.

Escape