Англискиот гигант Челзи не само што стана победник на првото проширено Светско клупско првенство со 32 тима, туку и оствари впечатлива финансиска добивка. Според информациите на Би-Би-Си, тимот од Лондон заработи околу 97 милиони евра, со што е прв на листата на најплатени клубови на турнирот.
Финалистот Пари Сен Жермен, иако не успеа да стигне до трофејот, сепак инкасираше значајна сума од околу 90 милиони евра, што го става веднаш зад Челзи по висината на наградата.
Наградниот фонд за целото првенство изнесуваше околу 856 милиони евра, од кои:
- 450 милиони евра беа наменети за сите учесници како фиксни надоместоци,
- 406 милиони евра беа распределени според постигнатите резултати.
Европските тимови добиваа од 11 до 33 милиони евра само за учество, а тимовите од другите континенти беа наградени по регион:
- Јужна Америка: 12,8 милиони евра
- Северна и Централна Америка, Азија, Африка: по 7,9 милиони евра
- Океанија: 3 милиони евра
Иако ФИФА не ги потврди официјално конкретните износи по клуб, проценките на специјализираниот финансиски фудбалски портал „Swiss Ramble“, врз основа на УЕФА коефициенти и учинок на турнирот, покажуваат приближни бројки.
Во финалната табела на вкупна заработка по клубови, изгледа вака:
- Челзи – 97 милиони евра
- ПСЖ – 90 милиони евра
- Реал Мадрид – 76,8 милиони евра
- Флуминенсе – 58 милиони евра
- Баерн Минхен – 49 милиони евра
- Борусија Дортмунд – 44,3 милиони евра
- Оукленд Сити (Океанија) – 3,8 милиони евра (што е дури седум пати повеќе од годишниот приход на клубот во 2024 година)
Ова е првпат на едно Светско клупско првенство да се доделат толку високи парични награди, што го потврдува огромниот финансиски интерес и престиж што го носи ова натпреварување.