ПРВ.мк
Македонија

Ќе се гради спомен обележје „Ангели“ во чест на младите жртви од трагедијата во „Пулс“ – еве каде и како ќе изгледа

 Ќе се гради спомен обележје „Ангели“ во чест на младите жртви од трагедијата во „Пулс“ – еве каде и како ќе изгледа
Escape

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го објави проектот за спомен обележје наречено „Ангели“, кое ќе биде посветено на младите животи што трагично згаснаа во пожарот во клубот „Пулс“.

Овој меморијал ќе се изгради на Пониква, во непосредна близина на локалитетот Аеродром, а неговиот дизајн вклучува метален столб висок 9 метри, мал параклис, клупи за одмор, како и уредено зеленило кое ќе го опкружува просторот. Целта е ова место да прерасне во мирен куток за сеќавање и оддавање почит.

Идејата за вакво обележје доаѓа од Тошо Антов, татко на настраданата Ивона, која била страстен планинар. Затоа и монументот ќе биде поставен во природа – на отворено и достапно за сите кои сакаат да се поклонат пред споменот на младите жртви.

Проектот веќе доби одобрение од Јавното претпријатие за државни патишта, а во моментов се чека и финалната дозвола од Општина Кочани, по што ќе може да започне реализацијата на ова важно и емотивно место за паметење.

Mia Home Mavrovo