ПРВ.мк
Свет

ВИДЕО: Мал авион се урна при полетување

ВИДЕО: Мал авион се урна при полетување

Денеска на аеродромот Саутенд во Лондон се случи сериозен инцидент кога мал авион се урна при полетување. Очевидци пријавија дека по несреќата се појавила огромна огнена топка и густ црн чад, создавајќи драматична сцена.

Сè уште нема точни информации колку лица се наоѓале во авионот во моментот на несреќата, а истрагата е во тек, објави британскиот весник „Мирор“.

Според досегашните податоци, авионската несреќа се случила токму во фазата на полетување, што дополнително ја отежнува ситуацијата.

ВИДЕО

Најнови вести