Вистинска драма се одвивала во Велес во текот на ноќта, откако полицијата интервенирала по пријава дека 18-годишник против нејзина волја ја задржувал својата партнерка во домот и ѝ упатувал закани.
Од СВР Велес информираат дека утрово околу 03:40 часот полициски службеници го лишиле од слобода К.Ш. (18) од Велес, постапувајќи по пријава дека во неговиот дом ја држел својата 18-годишна партнерка, која е од село во виничко.
Според пријавеното, тој не ѝ дозволувал да го напушти домот и ѝ се заканувал, по што била побарана интервенција од полицијата.
За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности.








