Постигнат е договор меѓу партиите од таканаречениот „Европски фронт“ за тоа кој политичар ќе добие поддршка за градоначалничка кандидатура во која општина. Најголемите имиња од албанскиот политички спектар веќе си ги поделија терените и влегуваат во изборната трка со јасна стратегија и распределени улоги.
Според информациите, Зијадин Села ќе биде кандидат за Струга, при што ДУИ се повлекува од својот досегашен кандидат Рамиз Мерко. Бујар Османи ќе влезе во трка за Чаир, а новиот коалициски партнер Арбен Таравари ќе оди на Гостивар.
Партијата на Села, покрај Струга, ќе има кандидат и во Дебар, каде ќе настапи Тирон Јајага, како и во Арачиново со Дритон Небиу.
ДУИ, пак, ја зајакнува својата позиција во:
- Липково со Еркан Арифи
- Тетово со Бајрам Реџепи
- Боговиње со Бесник Емшиу
- Желино со Емир Сулејман
- Брвеница со Аркин Јахији
- Чашка со Суат Шакири
- Пласница со Алија Јаоски
Од друга страна, Таравари и неговата партија ќе настапат во:
- Врапчиште со Исен Шабани
- Сарај со Блерант Рамадани
Поделбата открива тактичка координација и стратешко повлекување на одредени актери за да се избегне внатрешен судир во блокот, но и за зголемена шанса за победа во клучните општини. Очекувањата се дека кампањата ќе биде жестока, а овој договор го отвора патот за нови политички пресметки на терен.
Ask ChatGPT