Драма каква што никој не очекуваше ја потресе една од најпознатите шпански летни дестинации, откако крокодил бил забележан на слобода, предизвикувајќи шок и страв кај туристите. Според „The Sun“, влекачот прв го забележале двајца тинејџери, по што Цивилната гарда итно интервенирала.
Иако на почетокот се мислело дека станува збор за алигатор, експертите подоцна утврдиле дека се работи за крокодил од видот кајман Јакаре – заштитено и потенцијално опасно животно, кое нормално не припаѓа на шпанската фауна.
Операцијата за фаќање вклучила полиција, еколошки активисти, рибари и специјалисти за диви животни, а по успешната акција, крокодилот бил транспортиран во зоолошката градина во Мадрид.
Но приказната тука не завршува. Започната е истрага за тоа кој и како го пуштил егзотичното животно во природа, што според шпанските закони претставува сериозен прекршок и потенцијален еколошки криминал.
Властите предупредуваат дека ваквите неодговорни постапки не само што го загрозуваат биодиверзитетот, туку можат да претставуваат закана и за луѓето. Иако кајманот јакаре вообичаено се храни со риби и мекотели, во екстремни ситуации може да нападне и помали животни.
Истражителите се сомневаат дека крокодилот е жртва на нелегалната трговија со егзотични миленици, а на јавноста ѝ останува прашањето: Колку вакви опасни животни уште се кријат во урбаните зони на Европа?