ПРВ.мк
Магазин

(ФОТО) Шведската старлета создаде необична награда – „Златен кревет“: веќе легнала со тројца фудбалери, а има уште 17 на листата

(ФОТО) Шведската старлета создаде необична награда – „Златен кревет“: веќе легнала со тројца фудбалери, а има уште 17 на листата
Escape

Шведската старлета Елса Тора создаде необична награда – „Златен кревет“: веќе легнала со тројца фудбалери, а има уште 17 на листата

Елса Тора, позната шведска креаторка на содржини за возрасни која живее во Англија, ја измисли својата нова необична мисија – да спие со по еден играч од секој тим од Премиер лигата и да освои титулата „Златен кревет“.

Таа се пресели во Англија пред неколку години и брзо се заљуби во фудбалот и играчите. Често може да се види на стадионите, особено како поддржувач на својот омилен клуб Хал Сити, во сопственост на турскиот бизнисмен Аџун Илиџали, кој исто така е познат како сопственик на Марибор и поранешен член на одборот на Фенербахче.

Но, вниманието на јавноста го привлече со својот предизвик – да има интимни односи со фудбалер од секој тим во Премиер лигата. До сега, Елса потврди дека имаат завршено со тројца фудбалери, а остануваат уште најмалку 17 да ги освои.

Англиските медиуми шпекулираат дека меѓу нив има фудбалери од Челзи, Арсенал и Лестер, а Елса признава дека најмногу ја контактираат играчи од лондонските клубови.

Покрај своите активности на теренот на фудбалот, Елса е активна и на платформата „OnlyFans“ каде има голема популарност, со над 227.000 следбеници на Инстаграм.

Во 2024 година, таа изјави за „Дејли Стар“ дека има амбиција да стане првата личност која ќе роди на Марс. „Сакам да ја искусам нултата гравитација и да бидам првата што ќе има секс во вселената. Мојата друга цел е да помогнам во колонизацијата на Марс со тоа што ќе родам првото дете таму,“ рече 22-годишната шведска авантуристка.

Mia Home Mavrovo