ПРВ.мк
Свет

Изненадените туристи во Мали Лошињ наидоа на познато лице од светската политика

Изненадените туристи во Мали Лошињ наидоа на познато лице од светската политика
Escape

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, денеска предизвика изненадување кај туристите и жителите на Мали Лошињ, откако беше забележан на шеталиштето во центарот на овој хрватски приморски град.

Како што објави хрватскиот весник „Нови лист“, Клинтон бил придружуван од делови од неговото семејство и телохранители, а на себе носел капа со логото на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028. Многумина не го препознаа веднаш, но откако сфатија за кого станува збор, присутните со неверување го следеа движењето на човекот кој во два мандата ја водеше најмоќната држава во светот – од 1993 до 2001 година.

Сè уште не е потврдено дали со него во Хрватска допатувала и неговата сопруга Хилари Клинтон, поранешна државна секретарка и кандидат за претседател во 2016 година.

Бил Клинтон, по заминувањето од Белата куќа, се посвети на хуманитарна работа и одржување платени говори, со што обезбеди значителна финансиска стабилност. Неговата автобиографија „Мојот живот“, објавена во 2004 година, стана бестселер, а самиот Клинтон остана влијателна фигура во американската и меѓународната политика.

Посетата на Клинтон предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде граѓани и туристи објавуваа фотографии и видеа од некогашниот лидер на САД во едно од најубавите туристички места на Јадранот.

Mia Home Mavrovo