Лука Модриќ официјално заминува од Реал Мадрид – во понеделник го очекуваат лекарски прегледи во Милано
По 13 сезони во Реал Мадрид, Лука Модриќ ја заврши својата ера на „Сантијаго Бернабеу“. Веднаш по полуфиналниот меч против ПСЖ во САД, хрватскиот фудбалер направи вистински хаос во соблекувалната на Реал, посебно упатувајќи критики кон Винисиус и Белингем поради нивната слаба игра на тој натпревар.
Медиумите од Италија јавуваат дека Модриќ во понеделник ќе ги помине лекарските прегледи во Милано, по што официјално ќе биде промовиран како нов играч на Милан, каде што ќе продолжи да ја гради својата блескава кариера.
Овој трансфер означува нов предизвик за еден од најдобрите играчи на својата генерација, кој ќе се обиде да остави силен белег во редовите на „росонерите“.