ПРВ.мк
Спорт

Челзи го понижи ПСЖ и го освои светското клупско првенство (ВИДЕО)

Челзи го понижи ПСЖ и го освои светското клупско првенство (ВИДЕО)
Escape

Фудбалерите на Челзи станаа нови светски шампиони со убедлива победа од 3:0 над европскиот првак Пари Сен Жермен во финалето на Светското клупско првенство во САД.

Герој на натпреварот беше Кол Палмер, кој постигна два гола и асистираше за третото ремек-дело на Жоао Педро. Палмер го отвори резултатот во 22-та минута, а по осум минути повторно ја погоди мрежата на ПСЖ. Во 43-та минута му асистираше на Жоао Педро за конечните 3:0.

ПСЖ имаше неколку добри шанси, но не успеа да го совлада голманот на Челзи. Пет минути пред крајот Невес доби директен црвен картон поради повлекување за коса на Кукуреља, што ја продлабочи фрустрацијата кај францускиот тим.

Со ова, Челзи вторпат во историјата ја освојува најпрестижната светска клупска титула, потврдувајќи ја својата доминација на глобалната фудбалска сцена.

Mia Home Mavrovo