Русија заврши прва фаза од изградбата на фабрика за муниција за калашникови во Венецуела, што го загрижува Западот, особено САД. Фабриката, со капацитет до 70 милиони куршуми годишно, произведува муниција со челично јадро, светлечки и празни патрони.
Проектот, договорен уште во 2006 година меѓу Путин и Чавез, беше одложуван поради корупција, санкции и пандемија. Денес, Русија го гледа како стратешки чекор за зајакнување на своето присуство во регионот, традиционално доминиран од САД.
Фабриката е геополитички одговор на американското присуство во Источна Европа и Украина, а муницијата може да стигне и до наркокартелите во Мексико, што претставува безбедносна закана за САД.
Русија и Венецуела имаат долгогодишна соработка вредна преку 11 милијарди долари, вклучувајќи продажба на воена опрема и советници. Русија исто така го шири влијанието преку Никарагва, Куба и други земји во Латинска Америка, со што ги активира медиумските и разузнавачките капацитети како дел од својата глобална амбиција за нов светски поредок.