Дел од жителите на општина Центар денеска останаа без вода поради ненадеен дефект на улична водоводна мрежа.
Според соопштението од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, денеска (понеделник) е регистриран водоводен дефект од фи 2 цола (2”) на адреса ул. Коста Шахов бр.13, поради што водоснабдувањето е прекинато за сите корисници на оваа улица.
Прекинот започна во 09:00 часот, а снабдувањето со вода ќе биде повторно воспоставено по завршувањето на санационите работи. Засега не е објавено точно време на завршување, па граѓаните се повикуваат на трпение и разбирање додека екипите на Водовод работат на терен.
Доколку живеете или работите во овој дел од Центар, се препорачува да обезбедите резерви со вода до повторното нормализирање на снабдувањето.