Охрид, 14 јули 2025 – Вечерва, на територијата на Охрид, ќе се спроведе масовна теренска акција во ноќните часови, а граѓаните се предупредени да избегнуваат движење низ одредени делови од градот.
Станува збор за превентивна дезинсекција против комарци, спроведена согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, како дел од општите противепидемиски мерки.
👉 Акцијата ќе започне во 19:00 часот (понеделник) и ќе трае сè до 06:00 часот наутро (вторник). 👉 Ќе бидат опфатени:
- Охридското крајбрежје, од селото Подмолје до „Св. Наум“,
- Територијата на град Охрид,
- Потегот околу реките Грашница и Коселска.
Од Општина Охрид информираат дека пчеларите треба да преземат мерки за заштита на пчелите, а на граѓаните им се препорачува да го намалат движењето на наведените локации за време на запрашувањето.
⚠️ Во случај на неповолни временски услови како ветар или дожд, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.