ПРВ.мк

ФФМ пресече: Солена казна за ФК Гостивар по инцидентот со Работнички

ФФМ пресече: Солена казна за ФК Гостивар по инцидентот со Работнички
Jumbo Banner

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе остри дисциплински мерки против ФК Гостивар поради напуштање на теренот на натпреварот од 29. коло во Првата МФЛ против Работнички.

Клубот е казнет со одземање на 9 бодови од тековната сезона и парична глоба од 2.500 евра. Дополнително, поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во службениот простор, клубот ќе плати уште 5.000 евра.

ФК Гостивар доби и забрана да биде домаќин на 10 натпревари на свој терен, со обврска тие да се играат најмалку 100 километри од официјално пријавениот терен.

Претседателот Енес Уста и тренерот Блажо Панов се суспендирани од вршење на било каква функција во фудбалот за период од две години, поради тоа што ги повикале играчите да го напуштат теренот.

Сите фудбалери кои биле во официјалниот записник за натпреварот со Работнички се казнети со по 500 евра.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран