ПРВ.мк

Дали Зеленски го изигра Трамп? “Трамп го потпиша најлошиот договор во својот живот”

Дали Зеленски го изигра Трамп? “Трамп го потпиша најлошиот договор во својот живот”
Jumbo Banner

САД и Украина потпишаа договор што предвидува заеднички проекти за експлоатација на минерали и јаглеводороди, како и развој на поврзана инфраструктура, соопшти Белата куќа. Меѓутоа, професорот на Универзитетот во Хелсинки, Томас Малинен, изјави дека овој договор може да биде најлошиот што некогаш го потпишал американскиот претседател Доналд Трамп.

Според договорот меѓу Киев и Вашингтон, доколку САД решат да ги купат овие ресурси за сопствени потреби, ќе имаат право на првенствено купување или ќе можат самостојно да изберат купувач. Договорот, како што се наведува, треба да испрати сигнал до Русија дека САД остануваат долгорочно посветени на иднината на Украина.

„Трамп можеби го потпишал најлошиот договор во својот живот“, изјави Малинен.

Рускиот економист Алексеј Зубец смета дека украинскиот претседател Володимир Зеленски успеал да го „надитри“ Трамп, објаснувајќи дека станува збор само за рамковен договор. За неговата реализација ќе бидат потребни дополнителни договори за конкретни проекти, кои може да се случат дури и по неколку години. Зубец нагласува дека САД немаат доволно инструменти за притисок врз Украина и дека Киев станал еден вид алатка во отпорот против Трамп, зад кој стојат Демократската партија и глобалистите.

„Овој договор е само почеток. САД немаат вистински механизми за влијание врз Украина. Таа сега е дел од пошироката стратегија за ограничување на Трамп“, вели Зубец.

Игор Јушков, експерт за енергетика и професор на Финансискиот универзитет при Владата на Русија, смета дека договорот не носи значајни придобивки ниту за САД ниту за Украина. Според него, документот содржи бројни правни нејаснотии што може значително да го отежне понатамошниот процес.

„Договорот е правно слаб и импровизиран – очигледно создаден набрзина и од политички, а не економски побуди. Тој може сериозно да им наштети на угледите и на Трамп и на Зеленски“, изјави Јушков.

Украинскиот политиколог Владимир Шаповалов оди дотаму што ја опишува ситуацијата како „издавање на Украина под закуп“ на САД, предупредувајќи на губење на суверенитет.

Од друга страна, „Вашингтон пост“ објави дека договорот отвара врата за заеднички инвестиции во украинските минерални ресурси, вклучувајќи нафта, гас и ретки метали. Но, иако договорот создава можности, сè уште нема јасна слика за реалните резерви под земја.

„Никој со сигурност не знае колкава е вистинската вредност на украинските лежишта. Многу од нив може да се покажат како економски неисплатливи. Експлоатацијата и преработката на вакви суровини е долготраен и скап процес, со неизвесен поврат на инвестицијата“, наведува весникот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран