Слободата на медиумите е столб на демократијата, додека нејзиното негување е обврска за сите државни институции. Напишала на социјалните медиуми портпаролката на Владата на Северна Македонија, Венера Азизи по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.
Таа понатаму додава дека во овој поглед, транспарентната, одговорна и отчетна комуникација на Владата е гаранција за поддршка на слободната работа и во јавен интерес на новинарите, како предуслов за слободни медиуми и консолидирана демократија.
-Како поранешен новинар, а денес како портпарол на Владата, продолжувам да им служам на моите колеги, а преку нив и на јавноста. Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите, но и секој ден, ја изразувам мојата бескрајна почит и благодарност до секој новинар!“, вели владината портпаролка Венера Азизи.