ПРВ.мк

Медведев со закани до Киев: „Ако има провокација на 9 мај, можеби Киев нема да го дочека 10-ти“

Медведев со закани до Киев: „Ако има провокација на 9 мај, можеби Киев нема да го дочека 10-ти“
Jumbo Banner

Димитри Медведев, поранешен претседател и премиер на Русија, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност, упати остри зборови кон Киев по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина не може да гарантира безбедност за странските лидери кои ќе присуствуваат на воената парада во Москва на 9 мај.

Во објава на социјалните мрежи, Медведев реагираше бурно:

„Овa ѓубре разбира дека, во случај на вистинска провокација на Денот на победата, никој не гарантира дека Киев ќе го види 10 мај“, напиша тој.

Зеленски, пак, претходно за агенцијата АФП изјави дека Украина нема никаква контрола или одговорност за безбедноста на територијата на Руската Федерација.

„Ја почитуваме одлуката на лидерите кои ќе присуствуваат на парадата, но Украина не гарантира безбедност за она што може да се случи таму. Русија е одговорна за тие услови. Ние не знаеме што би можела таа да испровоцира – пожари, експлозии или други настани“, изјави Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно предложи тридневен прекин на огнот, од 8 до 10 мај, заради непречено одбележување на Денот на победата, но Украина го одби овој предлог.

Зеленски повтори дека Украина не сака симболични примирја, туку вистински прекин на огнот што би траел најмалку 30 дена.

„Путин сака тишина за својата парада. Но, моментот да се запре војната е сега – не на 8 мај“, изјави украинскиот претседател.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран