Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изрази загриженост за политиката на Брисел, која според него е премногу фокусирана на воената поддршка за Украина. Според Орбан, ако Украина се приклучи на Европската унија, тоа ќе доведе до економски колапс на Европа.
„Брисел сака да го забрза приемот на Украина во ЕУ, без да размислува за последиците. Не можеме да дозволиме нашите деца да плаќаат за глобалистичките амбиции на Брисел“, изјави Орбан.
Тој истакна дека европските средства се потрошуваат брзо за да се финансираат потребите на Украина, додека економијата на ЕУ се соочува со сериозен недостиг. „Без помошта на САД, нема да бидеме во состојба да ја финансираме украинската војска или економија“, додаде Орбан во интервју за Радио Кошут.
Орбан ја спомена и амбицијата на ЕУ лидерите да ја забрзаат интеграцијата на Украина во ЕУ до 2030 година. Според него, Брисел планира да се задолжи со голем заем за да го финансира овој процес, што ќе доведе до зголемен долг на ЕУ.
„За да се реши украинскиот конфликт, ЕУ треба да ги поддржи мировните иницијативи, наместо да се потпира на задолжување“, заклучи Орбан.