Турскиот бизнисмен Енес Уста ги затвори своите моќни амбиции презентирани околу проектот ФК Гостивар, оставајќи го клубот во сопственост на претходните акционери, односно, актуелната Извршна власт во Гостивар, дознава Спортски инфо.
Неофицијалната одлука на Енес Уста воопшто не изненадува и очекувано е во контекст на повлекување откако Гостивар го повтори потегот на Воска со напуштање на теренот пред последниот судиски свиреж на натпреварот против Работнички.
Според информациите кои дојдоа до нас, Гостивар нема да го доигра првенството и по дифолт на протоколите, директно ќе се пресели во најнискиот ранг на натпреварување.
Ваквиот чекор ги раскинува сите професионални соработки на фудбалерите. Поголем дел од нив за последен пат пред новите поглавја во кариерите се собраа да го одиграат последниот меѓусебен ,,танц”, пред можеби фудбалскиот пат да спои некои од нив во претстојните клупски предизвици (фото).
Сплетот на заемна почит, изградено пријателство и секојдневно дружење останува како врежан спомен и составен дел од нивните кариери.
Извор: Спортски инфо