ПРВ.мк

Баерн Минхен подготвува 250 милиони евра за најголемиот трансфер досега?

Баерн Минхен подготвува 250 милиони евра за најголемиот трансфер досега?
Jumbo Banner

Еден од најголемите млади таленти во европскиот фудбал, Флоријан Вирц, би можел летово да направи голем чекор во својата кариера и да го напушти Бајер Леверкузен за да премине во редовите на најголемиот домашен ривал – Баерн Минхен.

Според бројни германски и европски медиуми, Баерн веќе има подготвено понуда што тешко ќе биде одбиена – вкупно 250 милиони евра. Од таа сума, 125 милиони се наменети за обештетување кон Леверкузен, додека остатокот би покрил петгодишен договор за Вирц, вреден по 25 милиони евра годишно.

Ако овој трансфер се реализира, Вирц ќе стане најплатениот играч во редовите на Баерн, израмнувајќи се со Хари Кејн и оставајќи зад себе имиња како Мусијала, Кимих, Сане и Гнабри.

Со тоа, Баерн не само што би добил огромно засилување, туку и би го срушил сопствениот трансфер рекорд – поставен во 2023 година со ангажманот на Хари Кејн за 95 милиони евра.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран