Иако сезоната сè уште е далеку од завршена и многу нешта допрва ќе се решаваат, челниците на Барселона веќе сериозно размислуваат за иднината. Спортскиот директор Деко, заедно со раководството на клубот, вчера имал важен состанок со Рафиња.
Темата на средбата била продолжување на договорот со бразилскиот крилен напаѓач, кој веќе се етаблира како еден од клучните играчи во тимот. Состанокот поминал во позитивна атмосфера, а според првичните информации, сè води кон тоа дека наскоро ќе следува официјално потпишување на нов договор.
Во клубот се исклучително задоволни од неговите настапи и односот кон играта. Рафиња важи за фудбалер кој знае да направи разлика токму кога е најпотребно – особина што Барса многу ја вреднува.
Од доаѓањето во клубот во 2022 година од Лидс Јунајтед, Рафиња одигра 51 натпревар оваа сезона, при што постигна 30 голови и запиша 25 асистенции – бројки што само го потврдуваат неговото значење за тимот.