Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид на лице место во семејна куќа во Скопје, каде според првичните сознанија маж ја лишил од живот својата сопруга.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатата. Увидните екипи од лице место прибраа траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.
Осомничениот е задржан при обид да ја напушти државата на граничниот премин Табановце, а во текот на утрешниот ден повеќе информации за натамошниот тек на постапката.