Израелската армија започнува со мобилизација на резервисти
Во изминатите денови, израелската армија започна да испраќа покани за мобилизација до резервистите, како дел од подготовките за можно проширување на офанзивата против Хамас во Појасот Газа. Според израелските медиуми, се планира да бидат повикани десетици илјади резервисти.
Целта е тие да ги заменат регрутите и активните војници кои се распоредени низ Израел и на Западниот Брег, за тие единици да бидат пренасочени кон боиштата во Газа.
Некои семејства на резервисти потврдија дека веќе добиле известување за мобилизација. Од израелската армија засега нема официјална потврда, ниту демант.