ПРВ.мк

Во локал покрај патот Тетово-Гостивар приведени 5 странски државјанки

Во локал покрај патот Тетово-Гостивар приведени 5 странски државјанки
Jumbo Banner

Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.

-При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албанија, на возраст од 28 до 37 години, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран