СВР Скопје поднесе кривични пријави против тројца вработени во Управата за водење на матични книги Ј.Б., Г.А. и К.Н. сите од Скопје. Притоа Ј.Б. и Г.А. се сомничат за сторени кривични дела несовесно работење во службата и фалсификување исправа, додека К.Н. за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
Како што соопшти МВР, првопријавениот во текот на 2024 година постапувајќи несовесно во извршување на своите надлежности и овластувања не извршил надзор за кој бил должен над третопријавениот со оглед дека К.Н. воопшто не се појавувал на своето работно место во периодот од јули и август 2024 година и не ги извршувал своите работни задачи. А за тој период истиот бил евидентиран како присутен на работно место, со што првопријавениот му овозможил да се стекне со материјална корист во износ од 47.119 денари.
Второпријавениот несовесно и спротивно на законските прописи, бил должен да знае дека третопријавениот во одреден временскиот период бил надвор од државата, истиот го евидентирал како присутен на работното место во листата на редовност и врз основа на внесените работни часови му овозможил да му биде исплатена плата и да се стекне со материјална корист во износ од 103.772 денари. По ова иако спротивно на законските прописи третопријавениот си продолжил да доаѓа на работното место, а му била направена исплата, при што го оштетил Буџетот на РСМ во износ од 150.891 денари“, информираа од МВР.