Реновирана спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола
Со свечена церемонија вечерва беше отворена целосно реновираната спомен-куќа на македонскиот револуционер Гоце Делчев во Битола. Директорот на Битолскиот музеј, Зоран Николовски, информираше дека објектот е темелно обновен, вклучувајќи го и ентериерот и екстериерот.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Битола, членови на Советот, пратеници, претставници на политички партии, граѓански здруженија и бројни граѓани. Во знак на почит, пред спомен-куќата беше положено свежо цвеќе.
Реконструкцијата е дел од заложбите за зачувување на културно-историското наследство и оддавање почит на ликот и делото на Гоце Делчев.