Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен) ја освои Големата награда на Мајами во неделата, шестата од 24-те трки во сезоната на Формула 1, пред својот клупски колега Британецот Ландо Норис.
Стартувајќи од третата позиција, Пјастри, кој е водечки во генералниот пласман, имаше одлична борба до последниот круг со Норис, додека Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) го освои третото место, но речиси 40 секунди зад победникот.
Ова беше трета победа по ред за Австралиецот, по претходните две во Бахреин и во Саудиска Арабија, и четврта вкупно во првите шест трки. Норис победи во Мајами во саботата во спринт пред Пјастриус.
Светскиот шампион од тимот на Ред Бул, Макс Верстапен, иако стартуваше прв, заврши четврти, претекнат од двата Мекларена. Пјастоа го престигна Холанѓанецот во 14-от круг, а Норис во 17-от.
Кириозитет е што од првата трка во 2022 година на патеката во Мајами, возач кој стартувал од пол-позицијата не успеал да победи.
Пјастри води со 16 поени предност пред Норис, додека Мекларен е убедливо прв меѓу конструкторите. Верстапен има 99 поени на третото место, а Расел 93 на четвртото.
Следната трка во сезоната ќе биде за Големата награда на Емилија-Ромања во Имола, Италија, на 18-ти мај.