ПРВ.мк

Дел од Тетово и неколку тетовски села утре ќе бидат без струја

Дел од Тетово и неколку тетовски села утре ќе бидат без струја
Jumbo Banner

Утре, на 5 мај 2025 година, повеќе локации во Тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати од страна на енергетските служби.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот струја ќе немаат:

делови од село Боговиње, конкретно објектите кои се наоѓаат кон патот за Шарски села, делови од село Калник (опфатени преку трансформаторот во село Долно Палчиште), дел од градот Тетово, објектите кои се наоѓаат во населбата Деребој, кај патот за село Фалише. За овој дел прекинот ќе започне од 09:30 часот и ќе трае до 14:00.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на прекинот и да ги завршат потребните обврски пред најавениот термин.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран