ПРВ.мк

Утре втор протест во Кичево за решавање на проблемот со дивата градска депонија

Утре втор протест во Кичево за решавање на проблемот со дивата градска депонија
Jumbo Banner

По протестот што граѓаните на Кичево го организираа пред три седмици за решавање на проблемот со дивата градска депонија лоцирана во поранешниот двор на Керамичкиот комбинат „Вранештица“, организацискиот одбор на овие протести одлучи како што и беше најавено, во случај на нерешавање на проблемот со дивата депонија ќе се случи и втор протест кој ќе се одржи утре 4-ти мај, во 13 часот во непосредна близина на новата општинска згарада.

-Поради немањето на конкретен одговор од страна на надлежните институции а во врска со прашањата што ги поставивме на првиот протест, повикуваме на втор протест. Воедно ги повикуваме и надлежните лица вклучувајќи го и градоначалникот Фатмир Дехари, да дојдат да се соочат со граѓаните и да ни ги соопштат конкретните решенија на овој наш долгогодишен проблем кои планираат да ги превземат. Според она што го слушнавме од медиумите поточно одговорот на градоначалникот Фатмир Дехари испратен преку еден медиум на нашите барања искажани на првиот протест, не можеме, а да не навлеземе малку подлабоко во проблемот со депонијата која институционално ја нарекуваат „Дива“ а ја користи ЈКП „Комуналец“ (кој е под надлежност на ЕЛС Кичево) за континуирано одлагање на секаков вид на отпад – истакна Бојан Мишкоски, од организацискиот одбор.

Тој потсети дека градоначалникот се повикува на тоа дека проблемот е на Владата и решението го гледа во изградбата на регионална депонија во Новаци која би се наоѓала на 120 километри од нашиот град. На толкава „далечина Кичево повторно ќе има потреба од претоварна станица како што првично ја нарекуваа моменталната дива депонија, за чие дислоцирање и протестираме каде ќе биде тогаш претоварната станица или локацијата ќе остане иста, останува да видиме.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран