Најголемиот проблем по улиците во Велес се непрописно паркираните возила. Тоа го покажуваат и бројките на пишани казни од сообраќајната полиција лани. Од 8.200 прекршочни налози кои биле пишани поради сообраќајни прекршоци во Велешко лани, 1.272 биле за погрешно паркирање, пишува СДК.мк
„Освен сообраќајната култура, проблем е што во градот немаме пајак служба. Таа би ни помогнала за отстранување на овие возила. Денес организираме едукација на граѓаните за непрописно паркирање, утре тие ги повторуваат грешките“, кажа Ненад Дејаноски, в. д. командир на ПС Велес.
Граѓаните се лути затоа што наместо по тротоарите, се движат по улица и се чувствуваат небезбедно. Недостигот на пајак службата во Велес ја ограничува работата на надлежните служби.
Целиот текст прочитај го на СакамДаКажам.мк