Голем дел од Тетово и околината утре (2 мај 2025 година) ќе остане без електрична енергија поради планирани технички зафати од страна на снабдувачот со струја. Според најавата, прекини ќе има во неколку термини и на повеќе локации.
Од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат делови од селата Жеровјане и Долно Палчиште. Во самиот град Тетово, прекини ќе има од 09:10 до 11:10 часот на улиците Киро Ристески Дрнц, Благоја Тоска, Илинденска и делот кај објектот познат како Кипер.
Од 11:10 до 13:30 часот без струја ќе останат објектот на старо ЕДТКО, делови од населбата Блок 70, како и просториите на компанијата Еколог.
Граѓаните се повикуваат да ги завршат неопходните обврски навреме и да бидат внимателни при користење на електрични уреди по враќањето на струјата.