Во текот на 2023 година, најмногу регистрирани возила во Северна Македонија имало во регионот на Скопје, со вкупно 245.504 возила, покажуваат податоците прикажани на мапата објавена од „Macedonian Maps“.
Веднаш зад Скопје, со значително помал број, се наоѓа Тетово со 52.883 возила, а потоа следуваат Куманово (37.639), Битола (34.714), Прилеп (28.157), Струмица (24.770), Гевгелија (23.401), Струга (19.361), Штип (17.480), Кавадарци (17.420), Велес (17.520), Кичево (14.708) и Гевгелија (13.471).
Во групата региони со најмалку регистрирани возила се Вевчани со само 687 возила, Демир Капија (1.077), Пехчево (1.283), Македонска Каменица (2.211), Крива Паланка (2.183), Македонски Брод (2.369) и Демир Хисар (2.990).
Овие податоци ги прикажуваат значајните разлики во моторизацијата помеѓу урбаните и руралните подрачја. Високата бројка на возила во Скопје укажува на голема концентрација на население, економски активности и мобилност, додека во помалите општини, бројките се значително пониски.
Мапата служи како добар индикатор за регионалниот развој, инфраструктурата и потребите од инвестиции во сообраќајната мрежа низ државата.
