Поради непланиран прекин, поголем дел од Тетово остана без електрична енергија. Засегнати се улиците Видео Смилевски Бато, Борис Кидрич, Мала Станица, како и околината на Шарена Џамија. Екипите на ЕВН се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со струја.