ПРВ.мк

Тајниот рецепт на нашите баби за совршено гравче

Тајниот рецепт на нашите баби за совршено гравче
Jumbo Banner

Како да подготвите совршен грав – без потопување преку ноќ

Без разлика дали повеќе преферирате чорбест грав или пак традиционално гравче тавче, едно е сигурно – гравот останува едно од најомилените јадења во македонската кујна.

Самото готвење на гравот не е нешто комплицирано, но подготовката пред термичката обработка знае да одземе време – особено ако се држите до класичниот метод со потопување преку ноќ. Но, постојат практични трикови кои го скратуваат целиот процес, без да го жртвуваат вкусот.

Трикот на искусните домаќинки

Ако немате време да го потопите гравот од претходниот ден, а сакате брз ручек или подготовка за слава – следете ги советите на искусните домаќинки.

Во голем сад ставете ја потребната количина грав и прелијте со вода. Промешајте и веднаш отстранете ги зрната што ќе испливаат на површината – тие се оштетени и нема да се сварат како што треба.

Потоа, ставете го гравот да зоврие, па прецедете ја водата, исперете го и повторно налејте свежа вода. Оставете повторно да зоврие, па тргнете го од оган, поклопете и оставете го така околу 40 минути. За тоа време, гравот ќе набабри – речиси исто како да сте го оставиле во вода цела ноќ.

По ова, повторно го прецедувате, налевате нова вода и го враќате на оган да продолжи со варење.

Мал совет за побрзо варење

Важно е да не го солите гравот додека се вари – солта го забавува процесот и може да му треба двојно повеќе време да омекне. Најдобро е да го посолите само пет минути пред крајот на варењето.

Откако ќе биде сварен, можете да подготвите гравче тавче, или да додадете суво месо за побогат вкус. Зачините секогаш додавајте ги пред крајот, за да не ги изгубат аромата и силата во текот на долгото варење.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран