ПРВ.мк

Намирница која е спас за пушачите: Треба да ја консумирате секојдневно!

Намирница која е спас за пушачите: Треба да ја консумирате секојдневно!
Jumbo Banner

Почесто на вашето мени: Оваа храна е спас за пушачите – полна витамини, одлична за срцето и крвните садови

Доматот е намирница која секој пушач треба редовно да ја вклучува во својата исхрана. Според пишувањата на Avaz.ba, тој претставува вистински сојузник во намалувањето на штетните последици од пушењето.

Иако во секојдневната употреба често се смета за зеленчук, доматот ботанички припаѓа на групата овошја. Сепак, поради неговата широка примена во готвењето, најчесто се третира како зеленчук.

Богат со антиоксиданси и есенцијални витамини

Доматот е исклучително богат со витамин Ц – силен антиоксиданс кој придонесува за здрав и блескав изглед на кожата. Покрај тоа, содржи и витамин А, калиум и железо – три важни елементи за добра циркулација и правилно функционирање на нервниот систем. Присуството на витамин К пак, е значајно за нормално згрутчување на крвта.

Варениот домат – уште повреден избор

Термичката обработка на доматот значително ја зголемува концентрацијата на ликопен – моќен антиоксиданс што го неутрализира дејството на слободните радикали. Ликопенот е особено важен за пушачите, бидејќи може да помогне во ублажување на дел од штетните последици од никотинот и катранот. Дополнително, кумаринската и хлорогенската киселина што се присутни во доматот, дополнително го зајакнуваат неговиот заштитен ефект.

Сојузник во слабеењето

Оние што внимаваат на линијата, исто така ќе имаат корист од доматот – ова овошје има многу малку калории, а е богато со растителни влакна, што создава чувство на ситост и придонесува за полесно одржување на телесната тежина.

Без разлика дали е свеж или варен, доматот е вреден додаток на секојдневната исхрана. Посебно се препорачува за пушачи, како дел од природната поддршка за подобро здравје.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран